Артета добива моќен тим: Арсенал троши 250 милиони евра за засилувања


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Арсенал оваа сезона ја загуби битката против Манчестер сити за титулата, но следната година сака конечно да го прекине постот и да го крене пехарот во Премиерлигата.

Микел Артета бара четири фудбалери ова лето, а тоа ќе ги чини „топчиите“ околу 250 милиони евра.

Најголема желба на Артета е Деклан Рајс од Вест хем, но неговиот трансфер ќе чини дури 100 милиони евра.

Втора желба е Каи Хаверц, чиј трансфер веќе беше договорен за 65 милиони евра, а на списокот се наоѓаат уште двајца фудбалери.

Арсенал ќе се обиде да ги договори Ромео Лавиа, кој ќе чини 50 милиони евра, како и Тимбер од Ајакс, чија цена е околу 50 милиони евра.