Артета: Голема победа за нас! Се надевам дека е пресврт на сезоната!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета беше презадоволен од победата против Челси и се надева дека ова ќе биде пресврт во сезоната за лондонскиот тим.

Артета призна дека ова е голема победа за нив и не го криеше воодушевување по разочарувачките резултати во претходниот период.

„Навистина голема победа за нас. Бевме многу разочарани од досегашните резултати, не толку од игрите. Нашите играчи страдаа, нашите навивачи страдаа. Нема ништо подобро од победа во лондонското дерби против Челзи на „Боксинг Деј“. Се надевам дека ова е пресвртна точка. Знам дека фудбалерите можат да играат на ова ниво. Знаеме колку е добар Челзи, но бевме подобри во поголем дел од натпреварот. Повреди, коронавирус, играње со десет играчи. Можам да замислам колку беа разочарани навивачите досега. Започнавме добро и доминиравме. Ова влева доверба во тимот. Да продолжиме вака“, кажа Артета.