Артета им се налути на судиите: Арсенал е оштетен!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Арсенал освои само осум бодови на последните пет натпревари во англиската Премиерлига, а тренерот Микел Артета беше лут по ремито со Брентфорд (1-1).

Голот кој го постигна Брентфорд од контроверзна ситуација го изнервира Артета, кој смета дека судиите требало да покажат офсајд.

„Ова беше тежок натпревар за нас. Честитки до Брентфорд за борбата и храброста, но мислам дека ние доминиравме во одредени моемнти. Мило ми е што Тросар постигна гол и допринесе за екипата. Ги гледав снимките од голот на Брентфорд и сметам дека тоа беше офсајд. Ако ги следиме правилата кои судиите ги објаснуваат, тогаш голот требаше да биде поништен“, вели Артета.