Артета ќе избрка уште еден фудбалер од „Емирати“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По Сеад Колашинац, кој му беше позајмен на Шалке, од Арсенал си заминува и Вилијам Салиба. Премиерлигашот реши да се ослободи од фудбалерите, кои не добиваат минутажа, па Салиба ќе игра во Ница на позајмица.

„Вилијам Салиба е фудбалер со голем талент и потенцијал. Убедени сме дека ќе има со нас одлична кариера, но мора да се сетиме дека има 19 години и многу време пред себе“, порача техничкиот директор на Арсенал, Еду.

Во јули 2019 година Салиба од Сент Етјен пристигна во Арсенал и минатата сезона ја мина на позајмица во француската Лига 1.