Артета контра агентот на Џака: Мислам дека ќе остане…


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета истакна дека очекува дека Гранит Џака ќе остане во клубот.

Агентот на швајцарскиот репрезентативец неодамна изјави дека се е договорено со тимот на Херта и дека желбата на Џака е да заигра за германскиот бундеслигаш.

Сепак, спротивно на желбата на играчот, тренерот на Арсенал посочи дека Џака би можел да остане во клубот.

„Мислам дека ќе остане. Тој ми кажа дека ќе остане“ –изјави Артета по натпреварот со Манчестер Јунајтед.