Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е многу горд на својот тим по победата во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид и додаде дека неговите играчи одиграле многу организирано во тој дуел.
„Многу сум горд на мојот тим. Имавме многу комплетен настап, колективно, и тоа е потребно во смисла на организација. Работевме што беше потребно за да доминираме во натпреварот и да му направиме проблеми на Реал. Атмосферата беше еден од факторите за победа, играњето со таа енергија и посветеност со навивачите прави голема разлика“, истакна Артета на прес-конференцијата во вторникот, а пренесе Би-Би-Си.
Арсенал на свој терен во Лондон го победи Реал Мадрид со 3:0, во првиот натпревар од четвртфиналната двомеч на Лигата на шампиони.
Фото: Арсенал/ФБ