Артета му е лут на раководството: Има листа со желби, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Микел Артета го продолжи договорот со Арсенал, но очигледно од раководството не му веруваат кога станува збор за трансфери во екипата, па затоа американските сопствнеици наредија да се запрат сите процеси за нови трансфери.

Артета го загуби Александре Лаказет, кој се врати во Лион како слободен играч, па сака да го ангажира Рафиња од Лидс, но преговорите во моментов се прекинати.

Арсенал планира да го купи Маркињош од Сао Паоло, но тоа е инвестиција за иднината, додека потенцијално засилување во одбраната би можел да биде Ботман од Лил, но тој јасно кажа дека сака да потпише за Милан.

Доколку Арсенал не го ангажира Габриел Жесус од Манчестер сити, тогаш ќе се обидат да го ангажираат Скамака од Сасуоло или Џовани Симеоне, но тоа не се звучни засилувања.