Артета му се „реваншира“ на Гвардиола: Следно прашање, ве молам… (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета не остана должен на провокациите од Пеп Гвардиола и му се „реваншира“ на идентичен начин.

Манчестер сити одигра 3-3 против Тотенхем, а Гвардиола одби да го коментира судењето, но даде одговор со кој го „пецна“ Артета кој често има замерки за судиите.

„Дај друго прашање. Не сум јас Микел Артета“, кажа Гвардиола на новинарското прашање.

Артета реши да му се одмазди на Гвардиола на идентичен начин.

„Следно прашање, ве молам…“, кажа Артета и се насмеа.