Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Во победата на Арсенал 2:0 против Брентфорд се повредиле Деклан Рајс и Кристијан Москера, а тренерот Микел Артета повторно истакна колку се стресни барањата пред елитните фудбалери, нагласувајќи дека „не се машини“. Арсенал од почетокот на сезоната на 17-ти август има одиграно веќе 21 натпревар, додека многу репрезентативци дополнително одиграле уште шест настапи за своите репрезентации.
Тоа излегува дека играат приближно еден натпревар секои четири дена, а распоредот дополнително е се посгуснат – Топџиите во последните 11 дена одиграа дури четири натпревари. Артета признава дека повредите не доаѓаат само поради згуснат календар, но смета дека распоредот треба разумно да се планира, особено за клубовите кои играат во Европа.
„Веројатно не е прашање за една работа“, рече Артета кога го прашаа дали ритамот придонел за нови повреди.
„Но, можеме да им помогнеме на играчите и сите во лигата така што, кога е можно, им се дава уште еден ден одмор. Особено на тимовите кои многу играат во Европа. Ако го направиме тоа, сите ќе имаме корист. Досега никогаш немавме ваков распоред, не само во Премиер лигата, туку и во сите меѓународни натпреварувања. Треба да се обидеме да го промениме ова – тоа не е аргумент, тоа е здрав разум. Затоа што ако продолжи вака, станува едноставно премногу, а играчите не се машини.“
















