Артета призна: Загубивме од подобриот тим!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер сити со 4-1 го декласира Арсенал во еден од најважните натпревари во битката за титулата во Премиерлигата.

Арсенал беше надигран на „Итихад“ и може да биде среќен што загуби само со 1-4 на гостувањето, а тренерот Микел Артета призна дека подобриот тим заслужено освоил три бода.

„Загубивме од подобар тим, тоа е сигурно. Тие беа неверојатни, а кога се такви, тешко е да се стигне до нивното ниво. Ние денеска ни оддалеку не бевме најдобри што можеме, посебно во првиот дел. Сити знае тоа да го казни. Тие доминираа. Не можевме да се соочиме со нив. Ова за нас беше тешка ноќ“, кажа Артета.