Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсенал загуби на гостувањето кај Интер со 0-1 во четвртото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот на премиерлигашот, Микел Артета не беше задоволен од судиите.
Артета кажа дека неговите фудбалери одиграле храбро на гостувањето во Милано, но останале со празни раце поради арбитрите.
„Тие одлуки го одлучија резултатот. На едната страна не се досуди пенал, па се досуди на другата. Тешко е да прифатите кога ќе изгубите на ваков начин, одигравме квалитетно. Ова беше еден од најдобрите на Арсенал во изминатите години, доминиравме на теренот како ретко кој против Интер, но за жал не постигнавме гол“, кажа Шпанецот.
Единствениот гол за победа на Интер го постигна Хакан Чалханоглу од пенал.