Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Микел Артета оваа сезона има шанси да го освои трофејот во Премиерлигата, но во пол-позиција е Манчестер сити.
Шпанецот му помогна на Арсенал да напредува, но веќе размислува за неговата иднина и кажа дека би можел да замине од клубот кога ќе му заврши договорот во јуни 2025 година.
„Секогаш размислувам за враќање во Шпанија. Мојата татковина ме интересира, нашиот начин на живот, култура, тоа е нешто што го имам во главата. Сепак, јас сум среќен во Арсенал. Среќен како ме третираат, уживам во својата работа. Еден ден секако ќе се вратам во својот дом“, кажа Артета.
Медиумите најмногу го поврзуваат со Барселона, која најверојатно ќе се раздели со Чави на крајот на идната сезона.