Артета сака шампионски тим: Арсенал ќе се засили со пет фудбалер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Арсенал планира да ангажира пет фудбалери ова лето со цел да создаде моќен тим со кој тренерот Микел Артета ќе ја нападне титулата во Премиерлигата.

„Топчиите“ се надеваат дека наскоро ќе ги комплетираат трансферите на Деклан Рајс од Вест хем и Каи Хаверц од Челси. За нив се очекува да потрошат околу 160 милиони фунти вкупно.

Арсенал во моментов се обидува да го договори и Ромео Лавиа од Саутемптон за 45 милиони фунти, но ќе има конкуренција од Челси и Ливерпул.

Екипата на Артета бара и нов напаѓач, а изборот паднал на Муса Диаби од Баер Леверкузен. Тој досега настапи на 172 натпревари и притоа постигна 49 гола и 43 асистенции.

Уште едно можно засилување за Арсенал е Тимот Кастањ, кој сака да го напушти Лестер, но за неговиот потпис се заинтересирани и Фулам, Кристал Палас и Јувентус.