Артета се огласи откако беше првиот човек од Премиер лигата кој беше позитивен на коронавирусот

Тренерот на Арсенал, Микел Артета беше првиот од познатите лица кои работат во Премиер лигата на кој тестот за коронавирусот му беше позитивен.

Потоа следеше потврда дека и Калум Хадсон Одои е позитивен на опасниот вирус кој владее ширум светот.

Сега, самиот Артета преку социјалните мрежи испрати порака и посочи дека веќе се чувствува подобро.

„Ви благодарам на зборовите за поддршка. Веќе се чувствувам подобро. Се соочуваме со голем и непредвидлив предизвик. Здравјето на секого е важно во овој момент. Заштитете се меѓусебно и ќе поминеме низ ова заедно. Браво за Премиер лигата што ги донесе вистинските одлуки“ –напиша Микел Артета.