Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Екипата на Арсенал е освојувач на Комјунити Шилд трофејот откако беше подобар по изведувањето на пенали против тимот на Ливерпул.
Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник (1:1), а во пенал серијата подобро се снајде тимот на Арсенал.
Резултатот го отвори Пјер Емерик Обамејанг со убав гол во 12. минута, а на 1:1 израмни Такуми Минамино во 76. минута.
Во пенал серијата единствениот играч кој не реализира удар од 11 метри беше Рајан Брустер кој на крајот беше трагичар за својо тим.