Артета се жали: Не ни беа досудени два пенали! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал одигра 0-0 против незгодниот Њукасл на „Емирати“, а тренерот Микел Артета смета дека неговата екипа била оштетена.

Артета во завршницата од мечот реагираше бурно затоа што еден фудбалер на Њукасл играше со рака во казнениот простор по центар-шутот на Гранит Џака.

„Горд сум на начинот на кој игравме и доминиравме. Ни недостигаше подобра завршница. Меѓутоа мечот ќе остане запаметен и по неколку скандалозни одлуки. Не ни беа досудени два пенали“, кажа Артета.

„Топчиите“ остануваат први на табелата со 44 бодови, односно осум повеќе од Манчестер сити кој има одиграно еден натпревар помалку.