Артета со пари плус играч ќе ја „лови“ ѕвездата на Лестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Микел Артета ги крои плановите за создавање на тим кој ќе биде конкурентен на тимовите кои во моментов се во врвот во англиската Премиер лига.

Медиумите во Англија пренесуваат дека Артета ќе прави промени најпрво во средината на теренот, а во јануари ќе се обиде да ангажира фудбалер на Лестер.

„Гардиан“ пишува дека Арсенал е подготвен да плати 40 милиони фунти плус во понудата да го вклучи и Гранит Џака за да ги обезбеди услугите на Вилфред Ндиди кој игра одлично оваа сезона.

Тешко дека Арсенал ќе го убеди играчот да се пресели од тим кој во моментов е на позиција која води во Лигата на шампионите во тим кој грчевито ќе се бори да обезбеди европски натпреварувања следната сезона.