Артета со сијалица ги мотивирал „топчиите“: Ја измисли Томас Едисон…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета на необичен начин се обидел да ги мотивира своите фудбалери во април пред мечот со Брајтон (1-2), а тоа било прикажано во документарниот филм „Сè или ништо“.

Артета со сијалица се обидел да ги мотивира неговите избраници, кои сепак загубија на домашен терен со 1-2 од Брајтон.

„Томас Едисон ја измисли сијалицата. Денеска сакам да видам одличен тим кој сјае. На соиграчите мора да им ја пренесете енергијата, страста и начинот на кој играте, мора да бидете како едно, мора да бидете поврзани. Што ќе се случи ако не сме поврзани? Мора да се поврземе со 60.000 навивачи кои создаваат уште повеќе енергија. На крајот има електрицитет, кој создава светлина и живот. Ако не е така, тогаш ќе беше мрачно ако човеков не ја измисли“, кажа Артета.