Артета троши 60 милиони евра во јануари за најголемата желба на Барселона


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Микел Артета и оваа сезона ќе се обиде да ја освои титулата во Премиерлигата, откако минатата сезона заврши втор во лигата.

Артета веќе планира да ја засили екипата во јануари, а се очекува да испрати понуда од 60 милиони евра за најголемата желба на Барселона. Тоа е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

Арсенал сака да создаде моќен среден ред со Деклан Рајс и Зубименди, кои би биле незапирливи во англискиот шампионат.

Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но англиските медиуми пишуваат дека овој пат би можеле да прифатат предлог од Арсенал за трансфер.