Артета во големи проблеми пред реваншот против ПСЖ


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За три дена ќе се одигра реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал, а Микел Артета доби лоши вести пред истиот.

Минатиот вторник се одигра првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и ПСЖ.

Паризаните победија на „Емирати“ со резултат 1:0, а единствениот стрелец на овој меч беше Осман Дембеле.

Вчера Арсенал одигра натпревар против Борнмут во рамките на 35. коло од англиската Премиер лига и на изненадување на многумина изгуби со 2:1.

Џуријен Тимбер не беше во стартната постава, ниту на клупата и изгледа дека станува збор за повреда.

Холанѓанецот го напушти теренот во 83. минута на натпреварот против ПСЖ кога беше заменет од Бен Вајт.

Како што наведуваат француските медиуми, станува збор за нешто потешка повреда поради која нема да може да игра во големиот реванш против ПСЖ.

Фото: Grok AI