Артета во јануари го носи „новиот Халанд“ во Арсенал


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот тренер Микел Артета во зимскиот проден рок сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот Бенџамин Шешко од Лајпциг.

Овој 20-годишен напаѓач привлече големо внимание на неколку гиганти, а на Островот го нарекуваат „новиот Халанд“.

Шешко би бил решение за нападот на Арсенал во следните години, а Лајпциг за неговите услуги бара 50 милиони евра.

Напаѓачот оваа сезона одигра 13 натпревари за „биковите“ и постигна шест голови.