Артета знае што му е потребно на Арсенал за да ја освои титулата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал синоќа се спаси од пораз против Саутемптон (3-3) и така направи чекор назад во трката за титулата затоа што има само пет бода повеќе од Манчестер сити, но исто така и два меча одиграни повеќе од ривалот.

Тренерот Микел Артета на своите фудбалери по натпреварот им кажал дека мора да го победат актуелниот првак во среда ако сакаат да ја освојат титулата.

„Не може да примате вакви голови. Не гледам дека имавме недостаток на самодоверба. Едноставно сега ни е потрено чудо. Чувствуваме како да сме прокоцкале два бода. За титула, мора да го победиме Сити“, кажал Артета.