Артур се врати на тренинг на Барселона и им објасни зошто заминува на соиграчите


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Артур Мело одигра неколку минути во ремито против Селта (1-1), по што тргна кон тренинг-центарот Јувентус, каде што ќе ја продолжи кариерата.

Иако официјална потврда за трансферот засега нема, меѓутоа јасно е дека двете страни се договорени.

Артур утрово се појави на тренинг на Барселона. Пред самиот почеток на тренингот ги собра соиграчите и одржа емотивен говор.

Додека 23-годишниот фудбалер држеше говор, сите внимателно го слушаа, меѓу кои и најголемите ѕвезди. Бразилскиот играч објасни зошто заминува, но даде збор дека нема да ги изневери.