Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот спортски магазин „АС“ објави дека новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има договор со напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро.
Агуеро е на праг да го напушти „Итихад“ затоа што му завршува договорот на лето, а досега немаше разговори за нов, па поради тоа двете страни ќе се разделат.
Агуеро така слободно ќе се пресели на „Камп Ноу“, а наводно ќе потпише договор до 2023 година. Исто така, со него заедно во Барселона ќе се пресели и Ерик Гарсија.
Агуеро и претходно се поврзуваше со Барселона, а една од главните причини е неговиот пријател и сонародник Лионел Меси.
„Сите пишуваат дека се селам во Барселона. Почекајте малку и размислете. Застанете. Уште сум фудбалер на Манчестер сити“, вели искусниот напаѓач.