„АС“: Лапорта тргна по две ѕвезди вредни 165 милиони евра вкупно!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жоан Лапорта во неделата стана нов претседател на Барселона и по 11 години се врати на кормилото на каталонскиот гигант.

Прва желба на претседателот е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, а Лапорта верува дека неговите одлични односи со менаџерот Мино Рајола ќе му го донесат потписот на Норвежанецот.

„АС“ пишува дека Лапорта ќе тргне и по потписот на Давид Алаба, кој на лето ќе го напушти Баерн Минхен по завршување на договорот.

Халанд според „трансфермаркт“ вреди 110 милиони евра, додека вредноста на Алаба е 55 милиони евра.

„Изборот на Лапорта за нов претседател ќе ја оживее војната меѓу Реал и Барселона“, пишува шпански „АС“.