„АС“ откри што направил Пике за да може вечерва да заигра во „Ел Класико“


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона вечерва играат големо дерби на стадионот „Алфредо Ди Стефано“, а дуелот почнува од 21 часот и се очекуваат многу возбудувања.

Фудбалерите на Барселона утрово заминаа за Мадрид, а во авионот се најде и Жерар Пике, кој уште не е целосно подготвен по повредата на коленото.

Пике тренираше со екипата во претходните денови, но јасно е дека не е 100% подготвен. Но, тој е решен да даде максимум за да заигра вечерва против вечниот ривал.

Шпански „АС“ објави дека Пике примал и инекции и пиел апчиња за болки за да може да ја издржи болката од коленото, но јасно е дека не смее премногу да ризикува.