ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Реал Мадрид вложи 178 милиони евра за доведување на Дин Хајсен, Трент Александер-Арнолд, Алваро Карерас и Франк Мастантуоно, а сега има нова голема цел, сака да најде замена за Тони Крос, играч за кого тоа не успеа да го направи ни минатата сезона. Освојувачот на Златната топка се смета за одлична опција.
„Водечка фигура во тимот. Диригент. Накратко, се бара новиот Родриго. Или можеби токму Родриго”, пишува Ас во текстот каде ги открива плановите на Реал, додавајќи дека овој лето клубот може да си дозволи уште еден голем трансфер, а “особено ако Родриго си оди, што би можело да донесе на клубот помеѓу 80 и 100 милиони евра”.
„Проблемот е што на пазарот нема играчи со доволно голем углед за веднаш да преземат почетна улога во Мадрид. На меѓународната сцена во моментот нема достапни играчи кои ги исполнуваат тие критериуми, а Реал бара подготвен фудбалер кој може да покаже врвно ниво од првата минута и има потребната харизма.
„Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со Родриго, кој кон крајот на минатата сезона се врати на теренот поради тешка повреда на коленото која го натера да отсуствува девет месеци. Тој одигра претпоследното коло од Премиер лигата и настапи на Светското клупско првенство. Сето тоа по кобниот септемвриски ден кога во дуел против Арсенал ги скина лигаментите…
Фото: Принтскрин