„АС“: Винисиус стави потпис на нов договор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор потпишал нов договор со шпанскиот и европски првак, објави „АС“.

Клубот засега нема официјално соопштение затоа што најверојатно сакаат да потпишат договори и со останатите Бразилци, Родриго и Милитао.

Винисиус имаше договор со „кралевите“ до јуни 2024 година, но екипата реши да го награди со нова соработка поради одличните настапи во претходниот период.

Бразилецот наводно потпишал договор до 2027 година и добил поголема плата, но засега не се откриваат повеќе детали од страна на „АС“ и се чека официјално соопштение од шпанскиот гигант.