Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид е подготвен да се ослободи од услугите на голманот Тибо Куртоа, кој летоска пристигна од Челси.
„АС“ пишува дека Зинедин Зидан сака Кејлор Навас да биде прв голман наредната сезона, а на место на Белгиецот би го промовирал неговиот син Лука.
Куртоа не успеа да се прилагоди во Мадрид, кадешто ги разочара навивачите и управата, па тој е едно од најголемите промашувања сезонава.
Белгиецот во 32 натпревари сезонава прими 42 голови, а постои и сомнеж дека соблекувалната не го прифатила најдобро.
Освен него, Реал ќе го продаде и Герет Бејл, поради слични причини, а најверојатно ќе си заминат и уште неколку фудбалери на лето.