Астон Вила не ја активира клаузулата, Рашфорд се врати на Манчестер јунајтед


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Маркус Рашфорд, англискиот напаѓач, нема да продолжи во Астон Вила, иако си посакуваше да остане во тимот од Бирмингем. И покрај надежите за трајно преминување, клубот реши да не го активира откупот на договорот со Манчестер Јунајтед.

Минатата сезона Рашфорд играше на позајмица во Астон Вила, поради влошените односи со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим. Сепак, Вила го одби барањето да плати отштета од 46 милиони евра за целосно ангажирање на репрезентативецот на Англија.

И покрај тоа што не го доби посакуваниот трансфер, Рашфорд направи солидна сезона – настапи на 41 натпревар во сите натпреварувања, со 11 постигнати голови и девет асистенции.

Фото: Принтскрин