Астон вила нема избор – со младинци ќе игра против Ливерпул?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Астон вила нема голем избор и ќе мора да игра со младинци против Ливерпул во ФА-купот, откако се појави голем број на позитивни случаи на ковид-19 во нивната екипа.

Вчера беше затворен тренинг-центарот на тимот поради поголемиот број на позитивни случаи, а вечерва Астон вила ќе треба да се соочи со Ливерпул.

„Би-Би-Си“ објави дека натпреварот најверојатно ќе се игра, а Астон вила ќе мора на терен да излезе со младинци.

Како што претходно беше објавено претставниците на клубот преговараат со Фудбалската асоцијаицја (ФА) и Премиер лигата. Дали натпреварот ќе се игра ќе се знае во текот на денот.