Астон Вила немоќна во финалето: Манчестер сити го освои Лига Купот (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити повторно го освои Лига Купот, откако во денешното финале на „Вембли“ го победија тимот на Астон Вила со 2-1.

„Граѓаните“ влегоа како голем фаворит во мечот, а на крајот го оправдаа епитетот и на теренот, па по третпат по ред го освоија трофејот.

Сити поведе во 20. минута по прекрасна акција, која ја заврши Серхио Агуеро за предност од 1-0. Десет минути подоцна нов гол падна во мрежата на Астон Вила, а Родри зголеми на 2-0.

Меѓутоа, Астон Вила успеа да се врати во мечот на момент, откако одбраната на Сити реагираше лошо при една акција, па Самата намали на 1-2, кои на крајот се покажаа и како конечен резултат.