Аталанта го изненади Ајакс и се пласираше во осминафинале на ЛШ🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аталанта го победи Ајакс во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони и се пласираше во осминафиналето.

Двата тима играа израмнето и претпазливо, а подобрите шанси главно ги имаше домаќинот. Рајан Гравенберч од Ајакс доби црвен картон во 79-та минута, а Муриел во 85-та минута и донесе победа на Аталанта и пласман во нокаут фазата.

На вториот меч Митјиланд освои бод против Ливерпул. Салах донесе водство за „црвените“ уште во првата минута а Шолц од пенал во 62-та минута изедначи на 1-1.