Атанасов постигна спектакуларен гол против Динамо (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Динамо Загреб славеше во вечното дерби против Хајдук Сплит со 4-1, а единствениот гол за гостинскиот тим го постигна македонскиот фудбалер Јани Атанасов.

Атанасов постигна спектакуларен гол, но така само го налути ривалот, кој ја наполни мрежата на Хајдук и запиша убедлива победа во шампионатот.

По мечот Атанасов кажа дека е среќен за голот, но поради поразот не му значи ништо посебно.

„Игравме добро и постигнавме гол. Среќен сум поради тоа, но сепак загубивме со 1-4 и овој гол не ми значи ништо. Мораме да го заборавиме поразот и да работиме на грешките“, кажа Атанасов.