Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра два меча во Лигата на нации, и тоа против Летонија и Фарски Острови.
Фудбалерот на Македонија, Јани Атанасов кажа дека се подготвени за следните два меча и заверката на првото место.
„Ќе се обидеме да го потврдиме првото место во групата. Сакаме да ја направиме Македонија среќна и да ја израдуваме со две победи. Летонија не е лоша репрезентација, го анализиравме противникот и сметам дека подготвени ќе го почнеме мечот“, кажа Атанасов.
Мечот меѓу Македонија и Летонија се игра вечерва во Скопје од 20.45 часот.