Атлетико добива страшен тандем во нападот, Симеоне со искусен уругвајски двоец следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Атлетико Мадрид работат на ангажман на двајцата уругвајски репрезентативци Единсон Кавани и Луис Суарез.

Суарез треба да се ослободи од Барселона и да го договори трансферот со тимот на Атлетико Мадрид со кого веќе си пушти рака договарајќи ги личните услови.

По Суарез, како што пишува „Л’Екип“, Атлетико Мадрид  ќе тргне и по услугите на Единсон Кавани кој е слободен агент и кој се уште нема пронајдено нов клуб.

Агентите на Кавани го нудат играчот на повеќе тимови, а сега понуден е и на Атлетико Мадрид кој ќе ја разгледа опцијата да го ангажира во своите редови.