Атлетико дојде по единствениот голгетер на Милан – Дали Галијани ќе попушти пред 26 милиони евра?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно зелено светло за преговарање дал и новиот тренер на Милан, Винченцо Монтела.

Трансфер политиката на Милан најмалку му се допаѓа на навивачите на росонерите, а новата вест која стигна од градот на модата ќе ги разбесни уште повеќе росонерите. Техничкиот директор на Атлетико, Андреа Берта стигна во Милано каде со Галијани ќе преговара околу купување на најдобриот стрелец на росонерите, Карлос Бака.

Овој потенцијален трансфер делува зачудувачки бидејќи Милан минатото лето Колумбиецот го доведе од Севиља за 30 милиони евра, а сега ќе заработат само 26 милиони евра. Бака наводно се договорил со јорганџиите за потпишување на 4-годишен договор, со годишна плата од 3.6 милиони евра.

Колумбискиот голгетер постигна 20 погодоци минатата сезона во сите натпреварувања, но Милан ова лето ќе остане без него.