Атлетико доведе уште едно големо засилување!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец е второ големо засилување на Атлетико Мадрид.

Спортскиот директор на Сасуоло Џовани Карневали потврди дека Шиме Вршаљко (24) ќе премине во редовите на шпанскиот клуб.

Атлетико за трансфер на одличниот бек ќе плати 16 милиони евра, а преостанаа уште само формалности за реализација на трансферот.

„Останаа уште да решиме некои ситници и да го официјализираме трансферот. Постигнавме договор, само е прашање на денови кога Вршаљко ќе биде претставен како нов играч на Атлетико“, рече Карневали.

Вршаљко потекна во Динамо Киев, потоа премина во Џенова, а од 2014 година е член на Сасуоло.

Пред Вршаљко, во Атлетико стигна Николас Гаитан од Бенфика за 25 милиони евра.