Атлетико го реши „вториот тим“ на Реал Мадрид (Видео)

Атлетико Мадрид го доби дербито против Реал Мадрид, кое немаше резултатска важност за „кралевите“, кои веќе ја обезбедија шампионската титула во Ла Лига.

Натпреварот го одбележа многу нервоза и голем број жолти картони на двете страни, но и еден гол, кој го постигна Караско во 40. минута.

Реал Мадрид имаше шанси за да израмни, но сепак Јан Облак ја задржа празна својата мрежа и му донесе победа на Атлетико од 1-0.

Реал е прв со 81 бод, додека Атлетико е четврти со 64 бодови во Ла Лига.