Атлетико Мадрид и ПСЖ се далеку од договор за Кавани, ќе профитира ли Манчестер Јунајтед?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека преговорите помеѓу АТлетико Мадрид и ПСЖ доживеале неочекуван  застој и сега извесниот трансфер на Кавани во Мадрид е доведен во прашање.

Имено, се верува дека двата тима се многу далеку во поглед на усогласувањето на цената која треба да биде платена за играчот.

ПСЖ за Кавани бара 30 милиони евра, додека Атлетико е подготвен да плати само десет милиони евра.

Од целата оваа ситуација би можел да профитира Манчестер Јунајтед за кого не се проблем 30 милиони евра кои би ги платил за да го засили тимот со уругвајскиот репрезентативец.