Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид соопшти дека на суд ќе бара уште 80 милиони евра за трансферот на Ентоан Гризман во Барселона.
Иако мачниот период на францускиот репрезентативец изгледаше дека завршува со активирање на клаузулата од 120 милиони евра, сепак Барселона си направи повторно проблеми.
Каталонците, наводно, платиле 120 милиони евра, а Атлетико тврди дека трансферот бил договорен уште пред да биде намалена клаузулата од 200 на 120 милиони.
„Гризман, претставуван од својот адвокат, се појави во седиштето на лигата за да го раскине договорот со Атлетико, со тврдење дека Барселона платила 120 милиони евра. Атлетико верува дека таа сума е недоволна, зашто двете страни се договориле пред да биде намалена клаузулата од 200 на 120 милиони евра“, пишува во соопштението на Атлетико.