Атлетико Мадрид сака да размени играчи со Арсенал


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Речиси е сигурно дека Атлетико Мадрид оваа зима ќе ги засили своите редови со Единсон Кавани од ПСЖ.

Сепак, во последно се шпекулира за наводен интерес од Манчестер Јунајтед, па доколку Атлетико не го обезбеди потписот на Уругваецот ќе тргне по играч на Арсенал.

Имено, „јорганџиите“ се заинтересирани за Александер Лаказет од Арсенал и се подготвени да им го понудат Томас Лемар плус пари во замена за францускиот напаѓач.

Лаказет оваа година не игра како претходните, но се уште е многу важен играч за Арсенал, па се поставува прашање дали Артета би одобрил ваква трампа.