Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Симоене доживеа повреда на левата нога, поради што ќе мора да го пропушти почетокот на сезоната во Шпанија.
Коста се повреди во пријателски меч против Јувентус, поради што беше заменет, а во клупското соопштение беше објавено дека по прегледот било констатирано дека фудбалерот има повреда на левата нога.
Од Атлетико соопштија дека фудбалерот имал неколку третмани, а од неговата реакција зависи кога ќе се врати на теренот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Коста би можел да паузира и до еден месец, па тоа значи дека сигурно ќе го пропушти првиот меч од Ла Лига против Хетафе.