Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Искусниот Диего Коста побара од Атлетико Мадрид да го раскине договорот, а неговата желба беше исполнета од страна на раководството на екипата.
Коста уште минатата недела побара да биде ослободен од Атлетико, а клубот потврди дека фудбалерот нема да го носи повеќе нивниот дрес.
„Атлетико и Диего Коста се согласија за прекин на соработката кој требаше да трае до 30 јуни 2021 година. Бразилецот со шпански пасош поради лични причини побара да замине и денес беа потпишани документите за терминација на договорот“, пишува во соопштението.
Според специјалната клазула, Диего Коста ќе мора да му плати 25 милиони евра ако се пресели во Барселона, Реал Мадрид и Севиља кои одредени како ривали на клубот.