Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Фудбалерите на Атлетико Мадрид беа поразени вчера од Барселона на „Метрополитано“ со резултат 2:4 во дербито на 28-то коло од Ла Лига.
Се чинеше дека Атлетико ќе ја заврши работата успешно против Барса кога Александар Сорлот од крајно контроверзен гол го зголеми резултатот на 2:0 во 70-та минута. Меѓутоа, само неколку моменти подоцна, Барселона преку Роберт Левандовскски и Феран Торес успева да израмни, а потоа со головите на Ламин Јамал и повторно Торес ја освојуваат тврдината наречена „Метрополитано“.
Така имавме случај што не му се случил на Чоло Симеоне ниту еднаш откако е на клупата на Атлетико. Имено, за 17 години колку што е на клупата на „јорганџиите“, Атлетико ниеднаш не испуштил предност од два гола. За тој период одиграни се неверојатни 662 натпревари.
Последен пат ова им се случило на Атлетико на 4 ноември 2007 година против Виљареал кога било 3:4.