Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Фудбалските клубови Барселона и Атлетико Мадрид истовремено го потврдија трансферот на Клеман Ленгле.
По истекот на позајмицата, Ленгле останува во Атлетико, но сега како постојан член на екипата на Диего Симеоне, откако потпиша договор до 2028 година.
Сепак, Барселона нема да добие ниту цент за обесштетувањето, затоа што Атлетико Мадрид повторно играл на картата на хаосот во каталонскиот клуб. Знаеше дека апсолутно никој не може да му понуди на Французинот бруто плата од 16 милиони евра, Атлетико чекаше Барса да му понуди на Ленгле раскин на договорот, што тој и го прифати.
За возврат, Лангле се одрече од сите примања до истекот на договорот во 2027 година, до кога Барселона треба да плати дури 32 милиони евра на неговите плати. Практично, и без обесштетување за трансферот, Барса ги заштеди тие пари, кои во рамките на финансискиот фер-плеј ќе ги користи за идни засилувања.
Со тоа, Ленгле стана четвртиот играч по ред кој на сличен начин се пресели од Барселона во Атлетико Мадрид, по Давид Виља, Луис Суарез и Мемфис Депај. Сите тие практично беа бесплатни за Атлетико, исто како и сега Лангле.
Французинот пристигна во Барселона летото 2017 година од Севиља за 35 милиони евра, одигра 160 натпревари и освои три трофеи. Сепак, во изминатите три години не беше во прв план, затоа и беше на позајмици во Тотенхем, Астон Вила и Атлетико Мадрид.
Фото: Принтскрин