Атлетико пронајде замена за Гризман и тоа во Пари Сен Жермен


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Полека доаѓа крајот на една ера, Антоан Гризман си заминува од Атлетико Мадрид, каде што остави огромна трага и беше еден од најдобрите играчи на овој клуб на сите времиња.

Да се влезе во неговите копачки ќе биде исклучително тешко, а управата на клубот има задача да ја најде неговата замена, што би можел да биде фудбалерот на Пари Сен Жермен.

Тоа е Ли Кан Ин, момче од Јужна Кореја кој добива шанса од Луис Енрике, но најчесто е во ротација. Оваа сезона, 3 гола и 4 асистенции во сите натпреварувања.

Пари Сен Жермен има желба да му понуди нов договор, но ако пристигне соодветна понуда, со задоволство ќе го продаде.

Како што наведува „Скај спортс“, Ли Кан Ин е проценет од страна на Пари Сен Жермен на 40 милиони евра, а доколку Атлетико сака да ги плати тие пари, ќе го добие левоногиот фудбалер во своите редови.