Атлетико си „игра“ со Барселона, познато зошто Гризман не добива шанса!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетико Мадрид го зема Антоан Гризман на позајмица од Барселона, но намерно не му дава премногу шанса на теренот затоа што во спротивно ќе мора да му го откупи договорот за 40 милиони евра.

Французинот се врати во Мадрид на двегодишна позајмица, а Атлетико ќе мора да го откупи ако Гризман игра повеќе од пола час на секој натпревар.

Атлетико не планира да го купи Гризман, па затоа тренерот Диего Симеоне му дава шанса само во финишот од натпреварот.

Тоа може да создаде сериозен проблем за Барселона, која веќе има финансиски проблеми и не може да си дозволи да му дава плата и на Гризман, па можеби драстично ќе ја намали цената за неговиот потпис идното лето.