Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британските медиуми пишуваат дека Вимблдон би можел да добие голема казна, односно бодовите кои се доделуваат да не бидат сметани на АТП-листата затоа што претходно беа исфрлени Русите и Белорусите од турнирот.
Многу тенисери во претходните недели ја критикуваа одлуката на Вимблдон, но тие сè уште важат, а се очекуваше АТП и Вимблдон да пронајдат заеднички јазик, но тоа сепак не се случи.
Советот на тенисери на АТП ја поддржал идејата да се одземат поените од Вимблдон, а засега не е позната реакцијата на ВТА.
Се очекува наградниот фонд да остане непроменет, дури и да не се сметаат бодовите, а турнирот е закажан за период од 27 јуни до 10 јули.