Атрактивна Украинка доби доживотна забрана за играње тенис! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ниту тенисот не остана имун на местење натпревари, кои често може да ги забележиме на фудбалските и кошаркарските терени.

Најсвеж пример за тоа е Украинката Хелен Плошкина Гаманвук, која е 821 тенисерка во светот, која доби доживотна суспензија.

Покрај тоа, оваа 22-годишна девојка ќе мора да плати казна од 20.000 долари, зашто одбила да соработува со истражувачите.

Таа е обвинета дека планирала да уплати пари дека ќе загуби во некој натпревар, па поради тоа си ја уништи тениската кариера, во која досега немаше поголеми успеси.

Нејзин најдобар пласман во кариерата беше во 2014 година кога стигна до 698 позиција на ВТА-листата.